Број на текстови објавени денес: 65

Никола Ристановски добитник на наградата најдобар актер во Истанбул

%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0-%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8

Македонскиот актер Никола Ристановски кој во дебитантското остварување на Иван Мариновиќ „Игла под прагот“, ја игра главната улога, ја доби наградата од жирито за најдобар актер „Златен делфин“ на „Босфорус Фил Фестивал“ во Истанбул, соопштија вчера продуцентите.

Остварувањето „Игла под прагот“ за која Иван Мариновиќ го пишуваше и сценариото е приказна за жителите на мало село на полуостровот кои се на прагот да ја продадат големата земја и со тоа да ги решат своите проблеми. Единствена препрека на нивниот пат е тврдоглавиот поп Петар (Никола Ристановски) кој одбива да го продаде својот дел.

Филмот зборува за менталитетот, за борбата помеѓу традиционалното и модерното, за човештвото од една и арогантноста од друга страна. Критиката досега беше едногласна во ставот дека Мариновиќ раскажал приказна за малиот човек со големи проблеми и тоа така што овој филм во можност и да ве насмее и да ве растажи. Со други зборови „Игла под прагот“ е „паметна комедија“.

Црногорско-српската копродукција „Игра под прагот“, по светската премиера во Сараево и турнеиите по САД и Австралија е прикажан и на „Босфорус Филм Фестивалот“ во Истанбул.

Актерската екипа во црнохумористична комедија ја предводи наградениот Никола Ристановски, а покрај него играат Јелисавета Сека Сабљиќ, Љубомир Бандовиќ, Богдан Диклиќ. Леон Лучев и многу други.