Број на текстови објавени денес: 0

„Ние одлучуваме“ ѝ порача на ДИК да го прочисти Избирачкиот список

15033924_10154195959837499_431301526_o

Голем број граѓани се пожалија дека имаат проблем со Државната изборна комисија при докажување дека ги нема во Избирачкиот список, дека им се изменети некои лични податоци или пак дека некој друг се води дека живее на нивната домашна адреса. Од ДИК на граѓаните им бараат да донесат документи со кои ќе докажат дека тие се сопственици на имотот во кој тврдат дека живеат, а им бара и принт скрин од Избирачкиот список. Бидејќи ДИК сорaботува со низа државни институции тоа треба тие да го прават по службена должност, изјави денеска Сибел Амет од граѓанската акција „Ние одлучуваме“.

– На бесплатната телефонска линија 0800 88 888 досега се јавија десетици граѓани кои од нас бараат бесплатна правна помош која ние им ја овозможуваме за да ги остварат своите законски права кои им се следуваат во однос на изборниот процес. СОС тимот прати и допис до ДИК, но немаме уште добиено одговор од нив за сите поплаки на граѓаните. Апелираме до ДИК да ги преземе сите обврски да го прочисти добро Избирачкиот список. Ги охрабруваме граѓаните да ги пријавуваат сите неправилности и притисоци од работните места, а ние ќе дадеме се од себе годинава да имаме фер и демократски избори – оцени Амет.

Таа нагласи дека постапувањето спротивно на одредбите на Изборниот законик и Правилникот, ДИК воспоставува пракса која што не само што не е законски предвидена, туку и им отежнува на граѓаните на тој начин што по добиеното решение од МВР нужно е потребно да покренат уште една постапка пред  ДИК за бришење на податоци од Избирачкиот список.

– Дел од граѓаните се откажуваат од продолжување на постапката за пречистување на податоците од Избирачкиот список бидејќи процедурата им одзема дополнително време и ресурси. Сето ова реално влијае и на должината на постапката и на довербата на граѓаните во институциите кои се задолжени за одржување на фер и демократски предвремени парламентарни избори во 2016 година. Воедно, апелираме до политичките партии во Македонија, на кои согласно Изборниот законик, по завршување на јавниот увид им се доставува Избирачкиот список и кои имаат право во рок од 5 дена од приемот на истиот да доставуваат барања за запишување, дополнување и бришење од Избирачкиот список, да придонесат во ажурирање на Избирачкиот список и негово прочистување  со цел овозможување на фер и демократски предвремени парламентарни избори во 2016 година – рече Амет.