Број на текстови објавени денес: 50

Не може да му одолее: Џенифер Лопез страсно го бакна бившиот сопруг ФОТО

dzenifer-lopez4

Американската пејачка и актерка со порторикански корени на 17-тото доделување на музичките награди „Латино Греми“ во Лас Вега му врачила статуетка за личност на годината на поранешниот сопруг. 

Џенифер Лопез и Марк Ентони беа во брак 10 години и се родители на осумгодишните близнаци Макс и Ема, а иако се разведоа во 2014 година, останаа во многу добри односи.

Латино дивата прво пред милионската публика со полно срце го пофалила својот бивш парнер, а потоа му честитала со страсен бакнеж. Обожавателите веднаш почнаа да навииваат за смирување на музичката двојка, посебно поради тоа што Џенифер летоска ја прекина врската со танчарот Каспер Смарт.

– Марк е жива легенда. Тој не е само личност на година, тој е маж за сите времиња. Не можев да посакам подобар татко за своите деца – рекла Џенифер за Ентони, којшто освоената награда ја посветил на децата.

Поранешните сопружници на сцената во Лас Вегас заедно го испеале и дуетот „Olvidame y Pega la Vuelta“, а на почетокот на годината снимиле и албум на шпански јазик.

Марк освен близнаците со Џенифер има и син и две ќерки со уште две жени. Од 2014 година е во брак со 20 години помладата манекенка Шанон де Лима. Манекенката од Венецуела не го коментирала страсниот бакнеж на Џенифер и Марк.