Број на текстови објавени денес: 0

Не ги фрлајте бананите со точки! Еве и зошто…

croppedfocusedimagewyixmtkwiiwindq1il0-istock-4889378611

Многумина кога ќе видат црни точки на бананата не сакаат да ја изедат, но неодамнешното истражување во Јапонија наведува бројни предности на токму тие банани.

Овие се само некои од нив…

Дополнително штитат од рак

Истражувачите откриле дека бананите покриени со црни точки содржат ТНФ (фактор на некроза на туморот) којшто ги уништува клетките на туморот. Со консумирањето на такви банани можеме да го превенираме ракот.

Помагаат кај ждригавицата

Бананата е одличен, а пред сè, природен атацид која помага кај проблематичното варење на храната, односно кај проблемите со дигестивниот тракт. Лесно варливи се и на нашиот желудник не му создаваат проблеми. Ако имате проблеми со ждригавицата, бананата ќе ви помогне.

Го регулираат крвниот притисок

За одржување на уреден крвен притисок, потребно е да имате добро ниво на калиум во крвта. А, точкастите банани токму со нив изобилуваат. Покрај тоа содржат мошне малку натриум, кој може да предизвика скокање на крвниот притисок.

Ќе бидете помалку депресивни

Бананите содржат триптофан, аминокиселина која на вашето тело во производство на серотонинот, хормонот на среќата, му е неопходна. Затоа, јадењето на бабани со црни точки помага при спиењето и чувството на смиреност.

Помагаат кај запекот

Имајќи предвид дека имаат високо ниво на влакна, бананите се одлични ако имате проблем со запекот. Бананите додаваат слуз во цревата и го олеснуваат нивното движење.

Ви даваат енергија

Овој драгоцен плод има висока калориска вредност, поради што е одличен извор на енергија. Следниот пат кога ќе ви треба налет на енергија по напорното вежбање, изедете банана. Исто така, високото ниво на калиум од бананите ги спречува грчевите во мускулите, а другите минерали и хранливи материи ќе ви помогнат, велат стручњаците, да постигнете физичка издржливост.

Ќе ви ги олеснат проблемите кај чир на желудникот

Чировите се синоним за акутна болка и строги ограничувања во исхраната, бидејќи зачинетата храна може да предизвика понатамошни иритации. Меѓутоа, бананите имаат помека текстура која брзо поминува низ дигестивниот тракт.

Помагаат кај анемијата

Бананите се обилен извор на железо, кој е главна состојка на црвените крвни клетки кои го пренесуваат кислородот и хранливите материи низ вашето тело. Тие, исто така, ја надополнуваат потребите на вашето тело за железо, со што ја намалуваат можноста за појава на анемија, која ја карактеризираат ниското ниво на железо и болести на црвените крвни зрнца.

Ќе ви ги олеснат менструалните болки

Нивото на калиум во точкастите банани помагаат кај намалените грчеви во текот на менструацијата. Бананите се богати со витаминот Б6 кој ја намалува подуеноста и задржувањето на водата во тој период.