Број на текстови објавени денес: 0

Неповикан гостин – змеј во хотелската соба ВИДЕО

dragon

Кога се вратил во својата холетска соба по целодневниот напорен работен ден камерманот Марк Мекјуан, затекнал комодо змеј. На снимката што потоа ја објавил на интернет може да се види дека локален работник од хотелот се обидува да го намами животното со парчиња скапано месо, омилената храна на овој џиновски гуштер.

„Ова не баш нешто што би очекувале да го најдете во својата соба. Најголем проблем беше како змејот да го извлечеме од тоалетот, бидејќи се чинеше дека таму навистина му е пријатно“, рекол Мекјуан. Кога животното конечно излегло од бањата, змејот се завлекол во агол во собата.

„Значи ова е тоа кога некој ќе рече дека под креветот има чудовиште“, се шегува Мекјуан. Опткако на средината на собата извршил нужда, змејот едноставно излегол од просторијата.

Комодо змејовите може да пораснат и до три метри должина и да достигнат тежина од околу 90 килограми. Кога се чувствуваат загрозени, знаат и да ги нападнат луѓето, па дури и да касаат, објаснува весникот Индипендент