Број на текстови објавени денес: 60

НБРМ ќе ги следи и плаќаната со картички надвор од земјава

Dimitar-Bogov

Народната банка (НБРМ) информира дека во значителна мерка ги усогласи податоците со барањата од Регулативата за платежната статистика на Европската централна банка. Тоа, како што велат од НБРМ,  ќе придонесе за обезбедување квалитетни статистички податоци.

Според НБРМ во согласност со нив, известувачите доставуваат месечни податоци за сметките за вршење плаќања, платежните картички од аспект на брендот и видот на картичката, уредите што прифаќаат платежни картички, платежните трансакции по типот на платниот инструмент и типот на уредот, типовите учесници во платните системи и за плаќањата обработени преку платните системи.

Од НБРМ информираат и дека за првпат известувачите доставуваат податоци за трансакциите направени со платежни картички на уредите опслужувани од страна на резидентни обезбедувачи на платежни услуги со картички издадени надвор од земјата, како и податоци за трансакциите на уредите опслужувани од страна на нерезидентни обезбедувачи на платежни услуги надвор од земјата со картички издадени во земјата. На овој начин платежната статистика опфаќа и податоци за прекуграничните трансакции во работењето со платежните картички.