Број на текстови објавени денес: 0

На раце носат материјали да ја обноват планинарската кула на Титов Врв

%d1%81%d0%b0%d1%80%d0%b01

Планинарско-еколошкото друштво Аргентус Монт од Тетово е на добар пат да ја реализира дамнешната иницијатива за обнова на планинарската кула на највисоката точка на Шар Планина, Титов Врв на 2.747 метри надморска височина, јавува Радио Слободна Европа. Кулата била изградена со камења во далечната 1957 година, но запоставена од институциите. Со цел да се спречи нејзино целосно распаѓање, планинарите започнуваат самите да собираат градежни материјали, прозорци и врати.

– Малку е макотрпна работата, бидејќи имаа товар. Човек планинар со еден ранец му е тешко, а да се натовариш со алат, со прозорци, малку е потешко, ама човек ако има волја сè се заборава само да се постигне таа цел – акција која сме ја замислиле – раскажува планинарскиот водич во друштвото, Тони Јовановски, кој и самиот учествувал во дел од работите на Кулата.

– За неколку месеци успешно пронајдовме донатори за 22 прозорци, врата метална, монтажно скеле, песок и други градежни материјали. Пролетта 2015 година со ратрак извршивме во три наврати успешно транспортирање на обезбедените градежни материјали до кота 2.600 метри надморска височина. Потоа своерачно планинарите од нашето планинарско друштво од 2.600 метри ги транспортираа сите тие однесени материјали до планинарската кула на Титов Врв – вели Зија Јонузовски, секретар во друштвото.

 

Целата сторија може да ја прочитате на овој линк.