Број на текстови објавени денес: 65

На повидок најскапиот развод во Холивуд!

rs_1024x759-141014042010-1024-ellen-degeneres-portia-de-rossi-jr-101414

Една од најпознатите комичарки на светот Елен Деџенерис и нејзината сопруга Порша де Роси наводно се разведуваат по шест години брак.

Педесет и осумгодишната комичарка Елен и 43-годишната актерка Порша наводно одлучиле да стават точка на својот брак.

– Се караат поради проблемите со алкохолот и бесот на Елен – навеле извори блиски на двојката.

Бидејќи комичарката има имот вреден 350 милиони долари, ги чека еден од најскапите, но и „највалканите“ разводи во Холивуд.

„Порша сака семејство и деца, но Елен не сака ни да слушне за тоа. Опседната е со контролата на нивните животи и кариери, а Порша тоа повеќе не сака да го трпи“, заклучува изворот.