Број на текстови објавени денес: 70

На патниот правец Гостивар – Маврово – Дебар забранет сообраќај на тешки товарни возила

amsm_logo-18

АМСМ информира дека на и патниот правец Гостивар – Маврово – Дебар воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила.

Поради снежните врнежи воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато.

Забрана за движење на тешки товарни возила попладнево има и на патниот правец Крива Паланка – Деве Бари.

Од 18:35 часот во прекин е и сообраќајот на регионалниот пат Штип – Неготино поради попречено тешко моторно возило.