Број на текстови објавени денес: 62

На „Кастинг талент шоу“ ќе се избираат пеачи за мјузиклот „Тајно моја“

tose-kastig-640x294

Мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески, а специјално напишан за Македонската опера и балет ќе избира пејачи преку „Кастинг талент шоу“.

Директорот на МОБ Игор Дурловски на денешната прес-конференција, рече дека идејата за избор на пејачи преку „Кастинг талент шоу“ е на сличните такви шоуа од рангот на „Идол“ и „Икс фактор“.

Изборот го организира Македонска опера и балет во копродукција со 3Д продукција.

–  Шоуто е од типот на „Идол“ и „Икс фактор“ со разлика дека тука ќе бираме пејач што освен добро пеење, ќе има и актерски способности, односно освен да испеат ќе треба тоа и да го изиграат – рече Дурловски.

Посочи дека се избираат двајца пејачи, машко и женско, кои ќе настапат во самиот мјузикл и појасни дека мема ограничувања за возраста, така што секој што има добри гласовни, актерски и танчарски способности може и треба да се пријави.

Актерот Игор Џамбазов, кој е дел од жирито на шоуто, рече дека ова е вистинско место со вистински луѓе, со супер оркестар, одличен тим од сценографи и костимографи и се што е потребно за реализација на еден мјузикл.

– Песните на Тоше Проески овој пат ќе звучат сосема различно без придружба на бенд и тоа ќе биде препуштено на Тони Петровски и Кокан Димушевски – рече Џамбазов.

Посочи дека идејата тој да биде дел од шоуто за избор на две дечиња кои ќе настапат во мјузиклот посветен на Тоше Проески е и тоа што самиот тој има играно во неколку мјузикли и тоа да го пренесе на кандидатите.

Шоуто започнува со снимање на 22 ноември и ќе биде во целосна македонска продукција.