Број на текстови објавени денес: 60

На илегален премин кон Албанија запленети 507 килограми кафе од Македонија

kafe5

Албанската гранична полиција во близина на селото Вичишта на албанско-македонската граница кај Дебар, запленила 507 килограми кафе при обид илегално да биде внесено од македонска на албанска територија.

Кафето било натоварено во комби возило, чиј сопственик ја минал границата преку илегален премин, но бил забележан од страна на полицајците.

Возачот Б.Т.(51) жител на пограничното село Долна Ѓурица, кога станал свесен дека го следи полициската патрола, го напуштил возилото и побегнал.

Полицијата трага по Б.Т. кој ќе одговара за недозволена трговија на акцизна стока.