Број на текстови објавени денес: 65

Најмалку 31 загинат во железничка несреќа во Иран

iran-nesreka

Најмалку 31 лице загинаа, а околу 70 се повредени денеска во железничка несреќа во провинцијата Семнан во северен Иран, јави иранската државната телевизија Ириб.

Според гувернерот на Семнан, Мохамед Реза Хабаз, несреќата се случила 250 километри источно од иранскиот главен град Техеран, кога патнички воз се судрил со друг композиција.

При судирот четири вагони излетале од шините, при што два од нив избувнал пожар.

Директорот на иранската Црвена полумесечина, Али Азгар Ахмади стравува дека бројот на жртви може да се зголеми.

– На местото на несреќата се испратени хеликоптери и амбулантни возила, за помош при спасувачките операции, додаде тој.

Приближно 17.000 луѓе годишно во просек загинуваат во сообраќајни несреќи во Иран и тоа главно поради непочитување на правилата, стари превозни средства и низок квалитет и ефикасност на итната помош.