Број на текстови објавени денес: 86

Најмалку 27 загинати при самоубиствен напад во џамија во Авганистан

avganistan-samoubistven-napad

Најмалку 27 лица загинаа, а над 35 се ранети денеска при самоубиствен бомбашки напад во шиитска џамија во западниот дел на авгаинстанскиот главен град Кабул.

– Нападот е дело на бомбаш-самоубиец, наведе полициски извор.

Напаѓачот влегол во џамијата „Бакр ул Олум“ во момент кога верниците се подготвувале за молитва.

Претставник на Министерството за здравство на Авганистан изјави дека сите ранети се хоспитализирани, додавајќи дека бројот на жртвите може да биде и поголем.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, а талибанците се огласија со соопштение во кое негираат каква и да било нивна поврзаност со овој терориситчки акт.