Број на текстови објавени денес: 46

Најмалку 17 лица се уапсени во протести поради пензискиот систем во Чиле

chile

Најмалку 17 лица се уапсени, а двајца полицајци се повредени во немирите кои се случија за време на протести во Чиле со барање за укинување на сегашниот приватен пензиски систем.

Демонстрантите бараат да се зголемат пензиите и да се замени актуелниот систем за распределба на средствата.

Учесниците во протестот запалиле автобуси и поставиле барикади низ улиците на главниот град Сантјаго и други градови. На протестите учествувале речиси околу 90.000 луѓе, меѓу кои и 15.000 во Сантјаго.

Според демонстрантите, пензискиот систем, кој е раководен од правни фондови, е многу неправеден.

Претседателката на Чиле, Мишел Бачелет неодамна изјави дека Владата ќе поднесе во Парламентот предлог-закон за реформа во пензискиот систем.