Број на текстови објавени денес: 0

Највалканото и најопаснато место во кујната е…

10402483195825f1038e00a340836389_v4-big

Научниците предупредиле дека фиоките за зеленчук во фрижидерот се најопасносто место во кујната – содржат речиси 8.000 бактерии на квадратен сантиметар, што е 750 пати повеќе од она што се смета за безбедно по човечкото здравје.

Токму на тоа место би можеле да се кријат салмонелата, Ешерихија коли и листеријата, пишува „Дејли мејл“.

Ако во фиоката оставите зеленчук или овошје подолго време и не ги чистите редовно, производите ќе скапуваат, а бактериите ќе се множат. Иако тоа не е видливо со вашето око, бидејќи не обрнувате доволно внимание, се создава мувла со непријатен мирис која може да биде извор на зарази,

Исто така, треба да имате на ум дека овој процес се случува недалеку од останатата храна во фрижидерот којашто луѓето некогаш ја консумираат свежа, без да ја зготват.

Затоа, веднаш фрлете ги сите скапани производи, добро измијте ги фиоките на фрижидерот со врела вода и детергнет, исплакнете ги и исушете ги, а остатокот од производите вратете ги назад.