Број на текстови објавени денес: 0

Научниците и медиумите заедно за проблемите околу климатските промени

ekologija-bela-mechka

Вториот состанок на известувачите за заштита на животната средина од новинските агенции од Медитеранот почна денеска и се одржува во Маракеш, паралелно со Светската конференција за климатските промени ЦОП 22.

На отворањето на состанокот присуствуваа Високиот комесар за вода и шума на Мароко Хашими Идриши, директорот на Меѓународната организација за заштита на природата Антонио Проја и директорот на шпанската новинска агенција ЕФЕ Артуро Ларена.

Одржувањето на највисоката светска конференција за климатските промени во Маракеш ЦОП22, Ларена го оцени како историски момент, бидејќи на тој собир присуствуваат илјадници учесници од сите држави од светот и претставници на нивните влади.

Повеќе од 50 учесници, меѓу кои и новинари од 16 земји од двата брега на Медитеранот се сретнаа со научници и експерти за да дискутираат за можностите за унапредување на известувањето за климатските промени.

Првиот состанок од овој формат се одржа минатата година во декември во Малага, кога беше формирана мрежа специјалисти за известување за проблемите со кои се среќаваат медитеранските држави.