Број на текстови објавени денес: 62

Наумов: Јавниот долг ги надмина критичните 50 отсто од БДП

download-2377

Министерот за финансии Кирил Миноски и официјално објави дека јавниот долг изнесува 4 милијарди и 760 милиони евра или 50.6% од БДП. За само 9 месеци јавниот долг е зголемен за 532 милиони евра. Во текот на 2016 година јавниот долг дневно се зголемувал за 2 милиони евра, изјави дополнителниот заменик министер Кире Наумов за најновата состојба на јавниот долг.

– Владината политика на континуирано задолжување ги втурна сегашните и идните генерации во должничко ропство. Иако црвениот аларм е одамна вклучен и веќе требаше да започне долго најавуваната фискална консолидација, министерот Миноски за утре распиша ново задолжување на домашниот пазар на износ од 61.5 милиони евра. Повеќе од потребни се промени во политиката на управување и раководење со јавните финансии во насока на усогласување на расходите со можностите на македонската економија – нагласи Наумов.