Број на текстови објавени денес: 10

Наумов: Миноски во предизборен период ги задолжува граѓаните

%d0%bd%d0%b0%d1%83%d0%bc%d0%be%d0%b29

Дополнителниот заменик министер за финасии, Кире Наумов реагира на последното задолжување на Владата на домашниот пазар преку хартии од вредност.

Тој нагласува дека ова задолжување е во предизборен период и е повисоко од износот кој достасува за враќање.

„Укажуваме дека во предизборен период министерот за финансии Кирил Миноски ги задолжи граѓаните за изностри пати поголем од износот на долговите што доспеваат за враќање.Порачуваме дека за сите злоупотреби со задолжувањата ќе има одговорност!“, стои во реакцијата.

На денешното задолжување на домашниот пазар на капитал, додава во реакцијата Наумов, власта на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжи граѓаните со 9.2 милиони евра.

Со тоа јавниот долг го продолжува загрижувачкото темпо на задолжување на што укажаа и Европската Комисија и ММФ и Светска банка, а кое што ги надмина критичните 50 отсто од БДП.