Број на текстови објавени денес: 86

Настап на Бијонсе избришан од интернет поради расизам

bijonse-teksas

Проблемот настанал кога во текот на настапот на бендот „The Dixie Chicks“, на сцената излегла Бијонсе која била специјална гостинка на церемонијата. И покрај тоа што музичките ѕвезди без грешка ја извеле песната „Daddy’s lessons“ организаторите на церемонијата решиле да го избришат нејзиниот настап на официјалниот профил на социјалните мрежи, а причината е скандалозна.

Организаторите потклекнале под притисокот на негативните и разсистички коментари дека „на црна жена не и е местото на доделувањето на кантри награди“. Покрај тоa, групата „Дикси чикс“ се политички ангажиран бенд кој јавно го поддржува движењето „Блек лајвс метер“.

Набргу откако корисниците на социјалните мрежи бурно реагираа на бришењето на снимката, таа повторно беше објавена.