Број на текстови објавени денес: 62

Насловна на „Џумхуриет“: Не попуштаме!

turcija-dzumhuriet1

Вработените во турскиот весник Џумхуриет се одлучни да „ не попуштат“ пред притисокот по апсењето на главниот уредник.

„Нема да попуштиме“, е објавено на денешната насловна страна на еден од најстарите турски дневни весници. Просторот за текстовите на двајцата колумнисти кои се уапсени со уредникот е оставен празен.

Обвинителството во Истанбул наведува дека новинарите и уредниците се уапсени по истрага за наводна поддршка на движењето на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Весникот ги отфрла тие обвинувања.

Апсењата предизвикаа осуда на меѓунардони официјални лица и организации меѓу кои и ОБСЕ.

Турската полиција вчера го приведе главниот уредник на Џумхуриет, Мурат Сабунџу, а Си-Ен-Ен Турк јави дека се издадени налози за апсење на вкупно 13 новинари од весникот.

Претходниот главен уредник на Џумхуриет, Џан Дундар е осуден на 6 години затвор поради објавување државна тајна вклучително и за акција на Анкара во Сирија.