Број на текстови објавени денес: 0

Наследничката на империјата Ламборгини:Не носи гаќи, но нема секс на првиот состанок ФОТО

581637227582460199929e737761759_w640

Иако доделувањето на европските „Ем-ти-ви“ награди го заобиколија бројни светски ѕвезди, богата наследничка Елетра Ламборгини се погрижи со својата појава да го одбележи овогодинашното доделување.

Внуката на Феручи Ламборгини, славниот основач на луксузната компанија, го пленела вниманието со својата провокативна комбинација. Во проѕирен комбинезон беа градник и гаќи 22-годишната старлета ја разбуди фантазијата на многумина иако модните стручњаци нејзиното издание го прогласија за најлошо на доделувањето.

Контроверзната богаташка славата ја стекна на почетокот на 2015 година кога се појави во реалното шоу „Super Shore“ на „Ем-ти-ви“, а поради своето разгалено однесување многу брзо го доби прекарот „италијанската Парис Хилтон“. Во текот на емитувањето на шоуто открила и дека многумина ја нарекуваат „убиец“ поради конфликниот карактер. Имајќи предвид дека со голотијата нема проблем, Елетра ја красела насловната на „Плејбој“.

– Многумина ми зборуваа дека сум премногу дебела и дека со парите што ги имам можам да одам на липосукција. Но, јас не сум како многумина кои се целосно оперирани, преферирам, природен изглед – рекла младата богаташка.

Инаку, таа учествувала и во „Џерзи шоу“, а била првата личност која немала односи пред камерите.

– За добар секс е потребна страст, а страста тешко е да се постигне во текот на едно изглегување – објаснила тогаш.

Неодамна се декларираше како бисексуалка, а како на сето тоа гледаат членовите на нејзиното семејство не е познато.