Број на текстови објавени денес: 0

Насилната власт и обвинетиот Груевски се исплашени од администрацијата што сакаа да ја сотрат!

sdsm (1)(10)
Вработените во администрацијата нека бидат спокојни бидејки времето на закани, притисоци, бркања од работа завршува за 39 дена! Отпуштања во администрацијата нема да има!
Доаѓа добар живот за сите граѓани независно од какви било различности.
Разбирливо неспокојни се обвинетиот Груевски и неговите соработници, кои со конструкции никако не можат да ја симнат од себе вината за злоделата што 10 години ги правеле врз граѓаните и за кои ќе бидат казнети на 11 декември од самите граѓани.
Знаат добро граѓаните и вработените во државните и јавните институции како министрите на Груевски нарачувале да им биде загорчен животот и да бидат преместени на работни позиции стотици километри оддалечени од нивните домови. Слушнаа луѓето лично од соработниците на фамилијата како вработените во администрацијата морале да гласаат со „триаголничиња“, за да не “летаат од работа“. Како требало да се “сотрат“ сите кои одбивале да извршуваат наредби за незаконски и криминални активности. Граѓаните слушнаа и за “влечењето за уши“,за желби на најблиските соработници на Груевски семејство да “заврши во ендек“, за плановите за одмазда дури и на семејството на Тоше Проески.
На 11 декември заминува насилната, неодговорна, лицемерна власт заедно со носителот Никола Груевски. Новата одговорна Влада што ќе ја добие честа да ја предводи СДСМ, заедно со граѓаните, со вработените во администрацијата, со младите, ќе го врати животот во Македонија! Тоа повеќе никој не може да го спречи