Број на текстови објавени денес: 62

НАСА наградува: 30.000 долари за три најдобри решенија

nasa6

Наса покрена натпревар за луѓе кои би решиле проблем поврзан со патување во вселената, а за трите најдобри решенија ќе се доделат по 30.000 долари.

Проблем се одење во тоалет во вселената и женскиот циклус.

Во моментов не постои ефикасен систем на „отстранување на човечкиот отпад“ што би се вградил во вселенското одело. Од НАСА очекуваат дека во текот на патување на Марс, астронаутите и до шест дена ќе бидат без можност да одат во тоалет.

Кандидатите за наградата од 30.000 долари имаат време до 20 декември да ги предадат предлозите и дизајнот за систем што сe „сам ќе работи“ во период од шест дена.

Во описот на повикот за наоѓање идеален систем се наведува дека пелените не се ниту здрава ниту реална опција што може да трае шест дена. Исто така, додека се во вселенска облека, невозможно е за астронаутите да го допрат своето тело. Затоа им е потребна помош – систем што ефикансо ќе ги чисти фекалиите, урината и крвта, без ризик од инфекции.

Трите победнички предлози ќе бидат тестирани следната година, а наредните три години целосно да ги имплементира во вселенските одела. Деталите од огласот ги има тука.