Број на текстови објавени денес: 18

Народен правобранител: Секој има право да се изјасни за својата опција без да трпи уцени

%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bd2

Интегрално го пренесуваме интервјуто од Народниот правобранител во пресрет на предвремените парламентарни избори:

 

Народниот правобранител во пресрет на Предвремените парламентарни избори 2016, ги потсетува граѓаните, за важноста на избирачкото право и начинот на остварувањето и заштитата на ова право, а воедено упатува апел до институциите и сите други за обврската и одговорноста од создавање на реални услови за овозможување, почитување и остварување на избирачкото право на граѓаните, како и правилата за фер и демократски избори.

Само со остварување на избирачкото право на еднаков начин на општи, непосредни и слободни избори се добива неспорен и реален легитимитет.

Секој има право да се изјасни за својата опција без притоа да трпи никакви последици. Граѓаните се тие кои одлучуваат. Никој не смее во нивно име, преку разни форми на притисоци, уцени и закани да одлучува. Граѓаните не смеат да молчат, напротив мора да бидат активни, затоа што со навремено пријавување на неправилности од кој било вид го штитат нивното право, а истовремено придонесуваат за демократичноста на изборниот процес во целина.

Токму затоа, Народниот правобранител ги охрабрува сите(граѓаните), веднаш и без двоумење да ја пријават секоја форма на притисок, прекршување на нивните права и на прописите, покрај останатото и на отворената бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител 0800 54321, непосредно во канцеларијата во Скопје и во подрачните канцеларии низ Републиката.
Истовремено, Народниот правобранител укажува дека навремено и ефикасно ќе интервенира во сите случаи на пријавување на повреди на човековите избирачкото право, а истото го очекува и од сите други надлежни органи.

Народниот правобранител, посебен апел упатува до сите што се на раководни позиции во институциите и до други лица во јавната администрација, да не се осмелат на каков било начин да вршат заплашување и притисоци врз вработените, и да се однесуваат одговорно. Во спротивно таквото однесување е недозволиво и подлежи на кривична одговорност. Во оваа насока, Народниот праворанител ги охрабрува сите вработените во админстрацијата и сите други лица, без двоумење и страв сознанијата за таквите дејствија треба да ги пријават до надлежните институции и до Народниот правобранител, кој без исклучок ќе ја гарантира тајноста на податоците.

Ова се однесува и за сите други работодавачи кои, меѓу другото, на денот на изборите на своите вработени треба да им определат работно време кое ќе им овозможи непречено остварување на правото на глас, без користење закани и други форми на условувања.
Истовремено, во пресрет на кампањата за избори, Народниот правобранител упатува апел до сите чинители во изборниот процес, па и до родителите за неопходната потреба да ги заштитат децата и да не ги инволвираат во политички и изборните кампањи, со цел почитување на принципот на најдобриот интерес на детето. Исто така, и медиумите, особено треба да водат сметка и да не прикажуваат снимки, спотови од кампањи и слично каде се вклучени деца, се со цел децата да бидат заштитени од политички и идеолошки манипулации.

Досегашните изборни циклуси ја покажаа потребата од поголема соработка, пред се, на Државната изборна комисија, Министерството за внатрешни работи и останатите надлежни институции со цел спречување на какви било нерегуларности пред, за време и по изборите. За квалитетно спроведување на изборниот процес од особено значење е Државната изборна комисија да не го усложнува остварувањето на правото на категоријата немоќно или болно лице и да овозможи нивен целосен опфат без дискриминација и на овие избори да гласаат надвор од нивното живеалиште, односно во местото каде што престојуваат (болници, старски домови и слични установи).

Истовремено, Народниот правобранител потсетува дека медиумите имаат клучна улога во заштитата на избирачкото право. Оттука, од особена важност е начинот на кој тие ги пренесуваат информациите. Затоа потребно е објективно, избалансирано и доследно информирање, и придржување кон етичкиот кодекс за информирање.

Ако слободните избори со тајно гласање се столбот на демократијата, тогаш обврска на сите чинители во општеството е да обезбедат реални услови за слободни и фер избори.

Вистинска плурална демократија не може да се постигне само со нејзино декларативно прогласување, туку таа првенствено бара одговорност и отчетност на сите, а особено на извршната власт.