Број на текстови објавени денес: 70

Намален бројот на работници во индустријата

%d0%b8%d0%bd%d0%b4%d1%83%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b09

Бројот на работниците во индустријата во октомври во однос на истиот месец лани е намален за 1,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Споредено со перодот јануари- октомври лани бројот на работници  е зголемен за 0,3 отсто.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во октомври во однос на истиот месец лани, бележи зголемување од 3,2 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,8 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се забележува пораст од 0,6 отсто.