Број на текстови објавени денес: 46

Набавени 400 алки за домашен притвор

%d0%b0%d0%bb%d0%ba%d0%b8

Управата за извршување санкции набавила 400 електронски алки за надзор на осуденици кои ќе издржуваат домашен затвор, бидејќи на 1 ноември, како што беше предвидено, почна примената на Законот за пробација, јави Мета.

Од Управата за извршување санкции за „Мета“ велат дека веќе се набавени уредите за електронски надзор, монитори и софтвер, а обучен е и кадар кој ќе работи со нив и ќе го спроведува куќниот затвор, кој е новина во македонскиот казнен систем.

Сепак, кога ќе биде донесена првата пресуда и кому ќе му биле изречена казна домашен затвор со електронска алка, останува неизвесно, бидејќи сè уште не се завршени организациските работи за да почне целосната примена на законот.