Број на текстови објавени денес: 0

Мухиќ: Заев ме покани да бидам на пратеничка листа

%d0%bc%d1%83%d1%85%d0%b8%d1%9c

Да бидам кандидат за пратеник ме покани лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Јас само побарав да останам независен, на што тој се согласи и, ете, се најдов на листата“, вели за Мета професорот Ферид Мухиќ.

За реакциите по социјалните мрежи и во медиумите откако тој се појави на пратеничката листа на СДСМ, тој вели дека реакциите се како зачин на позитивните коментари кои ги добива постојано.

– Постојано добивам пораки со поддршка од Скопје, Тетово, Битола, Дебар, Охрид… Слушнав дека има реакции за мојата кандидатура, но јас никому не му го доведов во прашање интегритетот, така што ни тие не можат да го нарушат мојот интегритет – вели Мухиќ.

На прашањето дали го променил ставот дека абортусот е убиство, вели дека сè уште го мисли тоа.

– Јас можам да кажам дека тие што мислат спротивно, се убијци на деца. Не може така лесно да се промени став. Јас сè уште стојам на тој став – вели Мухиќ.