Број на текстови објавени денес: 0

МТСП: Неделков зборува невистини

%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b5%d1%80%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%b7%d0%b0-%d1%82%d1%80%d1%83%d0%b4

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура-СОНК, Јаким Неделков, денеска изнесе невистини, реагира министерствотот за труд и социјална политика.

Од Министерството појаснуваат дека дел од градинките во кои е извршен инспекциски надзор не го почитуваат законски утврденото работно време, и затоа им се дадени упатста да ги отстранат неправилностите работењето.

„Врз основа на најдените неправилости на установите им беа дадени и решеија со рок ведаш да ја отстранат констатираната неправилост. Од причини доколку во останатите ЈОУДГ, кои не беа предмет на инспекциски надзор не се почитуваат одредбите од Законот. По вообичаена практика од страна на инспекторите во Министерството на меил им беше доставено известување за постапување по одредбите од Законот во делот на работното време. Треба да се напомене дека дел од ЈОУДГ во Република Македоија го почитуваат законски утврденото работо реме“ стои во реакцијата.

Од министерството посочуваат дека при испекцискиот надзор во Прилеп, Пробиштип, Кочани, Дебар е утврдено дека дел од давателите на услуги работат по шест часа а земаат плата за осум часа.

„По увид во електронската и хартиена евиденција за присуство на работа, а во листите за исплата на плата од страна на одговорното лице на установата истите се евидентирани со 8 часа дневна работа и им е исплатена плата за работа од 40 часа во неделата. За преостанатите часови за кои не биле на работа во установите нема никаква евиденција. Во овие установи согласно со Закон беше извршена и едукација на вработените“, стои во реакцијата.
Министерството забележува и дека во една од устаовите која се наоѓа во општина Аеродром инспекторот бил спречен да направи увид воевиденцијата.

Од министерството за труд и социјална политика потсетуваат и на законските обврски за работно време, но и на тоа дека е недозволиво да се злоупотребуваат децата во политички цели како што тоа го направила градинка во  Крива Паланка.