Број на текстови објавени денес: 0

„Мој термин“ граѓанска акција за почист воздух

%d0%bc%d0%be%d1%98-%d0%b3%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%bc%d0%b8%d0%bd

Алармот е вклучен! Бараме итни мерки и сериозно долгорочна стратегија! Не прифаќаме изговори!  велат граѓаните  на Скопје се здружија за да го изразат својот револт против енормното загадување на Скопје.  Ќе се соберат во понеделник,, во 17 часот попладне, пред зградата на Град Скопје (Градски Парк).

-Сакаме да го искажеме нашето незадоволство од релаксираноста и незаинтересираноста на надлежните институции, а од Град Скопје и општините да побараме итни мерки како и долгорочен план за решавање на оваа еколошка и здравствена катастрофа. Сите досегашни мерки и стратегии понудени од институциите и Град Скопје не вродија со плод. Потфрлија и нивните ветувања дека ќе се дознаат загадувачите, ќе се најдат причините, ќе се преземат сите неопходни законски мерки и дека граѓаните на Скопје ќе бидат поштедени од натамошно труење – велат организаторите на настанот.

Според нив, најавите за следната година, според буџетот на Град Скопје, говорат дека ниту следната година не е планирано справување со оваа катастрофа и решавање на овој проблем.

– Напротив! Скопје и понатаму неконтролирано се урбанизира, се промовира автоцентричниот пристап – автомобилите имаат првенство пред јавниот превоз, велосипедите и пешаците. Се затвораат очите на надлежните институции пред аерозагадувањето од индустриските објекти, дивите депонии, како и домаќинствата кои во време на економска криза и ниска свест, користат крајно сомнителни суровини за загревање – велат граѓаните.

Причините за реакција според граѓаните се:
1. Имаме најголемо аерозагадување од канцерогени PM2.5 честички во Европа (39.4 mg/m3 годишен просек), според Светска Банка.
2. Четворица македонци умираат во просек дневно заради загадениот воздух (1350 годишно), според Светска Банка.
3. Во 2015 година, секое второ дете имало респираторни здравствени проблеми според Институт за јавно здравје.
4. Загадениот воздух има ризици врз репродуктивниот систем кај жените: дефекти при раѓање, смрт на новороденчиња, ризик од канцер, според Светската здравствена организација.
5. Кај повозрасните граѓани (над 60 години), загадениот воздух предизвикува мозочни оштетувања и „тивок“ мозочен удар што може да предизвика вистински мозочен удар, деменција, депресија и други негативни здравствени ефекти, според Универзитетот во Бостон.