Број на текстови објавени денес: 18

„Мост“ упати повик за пријавување набљудувачи за изборите

%d0%bc%d0%be%d1%812

Граѓанската асоцијација МОСТ за набљудување на изборниот процес и денот на гласањето ќе ангажира околу 3.300 набљудувачи на целата територија на Република Македонија.

За таа цел, МОСТ ги повикува граѓаните, лично, да се пријават во 18-те регионални канцеларии, низ целата држава. Регионалните канцеларии на МОСТ за граѓаните ќе бидат отворени од 10 до 18 часот. Податоците со контакт информации за регионалните канцеларии ќе можат да се пронајдат на интернет страницата на МОСТ.

За пријавените граѓани ќе биде организирана специјална обука, а tie потоа ќе бидат распоредени на гласачките места како набљудувачи.

Набљудувач во мисијата на Граѓанската асоцијација МОСТ може да биде секој граѓанин со право на глас, кој е подготвен непартиски, непристрасно и објективно да го набљудува процесот и да известува за наодите. нПри селектирањето на набљудувачите предност ќе имаат оние кои во веќе биле ангажирани како набљудувачи на МОСТ на претходните изборни процеси