Број на текстови објавени денес: 46

Монтгомери не ја исклучува можноста за значителни промени во политиката кон Балканот

srbija-montgomeri

Поранешниот американски амбасадор во Србија и Бугарија, Вилијам Монтгомери, не ја исклучува можноста за сериозни промени во политиката кон Балканот по избирањето на Доналд Трамп за претседател на САД.

– Навистина немам претстава каква ќе биде надворешната политика во моментот кога Трамп навистина ќе застане на чело и ќе биде во можност да реагира на случувањата во светот. Се разбира, има можност за значителни промени, особено што се однесуваат на Балканот, каде американската политика веќе 20 години е на „автопилот“, изјави Монтгомери за Танјуг, во одговор на прашањето – може ли да се очекувааат различни односи на САД кон Србија по избирањето на Трамп за претседател.

Монтгомери забележа, дека не знае кон кого ќе се обрати Трамп за совет во врска со надворешната политика и дека е возможно следното „тоа да бидат луѓе, кои не се големи почитувачи на сегашниот пристап“.