Број на текстови објавени денес: 0

Монографија за сликарство на Ниче Василев

niche-vasilev

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје, утре во 13 часот ќе биде промовирана Монографијата за сликарството на Ниче Василев, издание на „Остен“.

За цртежите, сликите и графиките на авторот предговор напиша познатиот писател Ефтим Клетников. По повод промоцијата на Монографијата, во оваа пригода сликарот ќе се претстави со дваесет пастели и цртежи создадени во изминативе неколку години.

Покрај авторот на предговорот на монографијата, за делото на Василев ќе говори и Георги Барбаровски.

Ниче Василев (Дабиле, 1948) училиште за применета уметност завршил во Скопје, а дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Варшава. Учествувал на повеќе групни изложби, а самостојно се претставил во Струмица, Штип, Скопје, Велес, Варшава, Крањ, Груец, Софија и Атина.