Број на текстови објавени денес: 65

Момироска: 10.000 евра подршка за секоја бизнис идеа на младите

%d1%85%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%be%d0%bc%d0%b8%d1%80%d0%be%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d1%81%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%b0

Младите велат nе за криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Велиме СТОП за иселувањето на нашите млади другари во странство. Подаваме рака и ги мотивираме младите да отворат сопствен бизнис. Предвидуваме по 10.000 евра неповратни пари – помош од државата, замладите луѓе кои имаат добра бизнис идеја, изјави денес Христина Момироска, кандидат за пратеник во И.Е.4.

– Ќе воведеме „Гаранција за младите”. Во првите четири месеци по завршување на школувањето, секој млад човек ќе добие понуда за вработување, можност да го продолжи образованието, пракса или тренинг за вработување.Нудиме шанса за млади претприемачи во Прилеп и во Македонија. Ќе отвориме старт ап центри, каде младите ќе добијат правна помош, сметководство, како и простор со канцелариска опрема за успех во бизнисот.Овозможуваме отворање на фирма со 1 евро основачки капитал, како и кредитирање до 15 илјади евра со само 1 процент камата.Ќе изградиме студентски град во Скопје со модерни архитектонски решенија за студентски домови.Воведуваме студентска платежна картичка за попусти во кампусите, при посета на државни и национални институции, спортски и културни настани.Воведуваме субвенции за јавен транспорт, за сите млади лица до 29 години, за да бидат активни според нивните потреби.Ќе го поддржиме стипендирањето, и со државна помош, но и со фискални олеснувања на фирмите коишто ќе одвојуваат процент од добивката. Имаме план за сите млади, да останат да живеат и работат во Република Македонија.Гласањето за бројот 4, е глас за живот во Македонија – рече Момироска.