Број на текстови објавени денес: 0

Многу фудбалски ѕвезди на премиерата на филмот за Болт ФОТО

bolt3

Голем број спортисти присуствуваа на премиерата на документарецот „Јас сум болт“ во кој е прикажан животот и кариерата на деветкратниот олимписки добитник на злато, Јусеин Болт.

Иако Болт е навивач на Манчестер Јунајтед, на премиерата во Лондон имало голем број фудбалери од Арсенал. Од играчите од Премиер лигата, филмот го гледале Хектор Белерин и Санти Казорла. Не црвениот тепих и во публиката бил и иконата на Арсенал, Робер Пирес.

Болт пак, како ѕвезда на вечерта, бил во одлична форма на црвениот тепих, забавувајќи ги присустните и позирајќи со хостесите, бележи Дејли Мејл.