Број на текстови објавени денес: 65

Мишел за последен пат новогодишно ја украси Белата куќа ФОТО

naslovna109
За последната прослава на новогодишните празници, Мишел Обама ја декорираше Белата куќа во стилот на нејзините заложби како прва дама – образование и здравје.

Елка доминирала во Сината соба, украсена како во минатото, во чест на американските воени сили и нивните семејства.

Во библиотеката темата е образование. На некои од украсите на елката се испишани зборови како „девојчиња„ на 12 јазици, како симбол за  иницијативата на Мишел Обама да се охрабрат земјите да овозможат образование за десетици милиони девојчиња низ светот.

Заложбата на семејството Обама против гојазност кај децата е претставена со овошки. На ѕидовите во Зелената и Црвената соба има венчиња од лимони, портокали и јаболки.

„Годинава празничната тема не ја одразува само радоста на подарувањето и добивањето, туку и вистинските подароци во животот, како пријателите, образованието и добро здравје“, изјавиле од канцеларијата на првата дама на САД.