Број на текстови објавени денес: 18

Мишел Вилијамс ќе ја глуми Џенис Џоплин

fotomishel

Холивудската актерка Мишел Вилијамс ќе го толкува ликот на Џенис Џоплин, легендарната американска рок и блуз икона.

Веста ја потврдила лично актерката Вилијамс.

„За актерите секој ден во кој ќе добијат улога е добар ден. Но, кога ќе добиеш улога од соништата, таква за која на себе си велиш `би направила сé за да ја добијам улогата`, тогаш тој ден не е добар, туку совршен. Така се чувствував кога ми рекоа дека ќе ја играм Џенис Џоплин“, воодушевено изјавила Мишел Вилијамс.

Филмската адаптација на животот на Џоплин ќе ja режира Шон Даркин, а според биографскиот роман „Love, Janice”, што го напиша Лора Џоплин, сестрата на покојната пејачка.