Број на текстови објавени денес: 0

Мистерија стара 66 години: Канадски нуркач во морето пронашол нуклеарна бомба!

_92279251_img_00501

Kанадските медими објавија дека во подрачјето на архипелагот Хаида Гваи, 80 километри од провинцијата Британска Колумбија, нуркачот Шон Смиричински пронашол предмет за кој се сомнева дека би можело да биде американската нуклеарна бомба Марк IV, изгубена во 1950 година, во времето на Студената војна.

– Додека нуркав ја пронајдов оваа голема работа, огромна е, никогаш порано не сум видел такво нешто. Изронив и им реков на пријателите на бродот: „Пронајдов нешто налик на НЛО, навистина бизарно“. Бидејќи немав со себе камера, го нацртав предметот што го видов. Неколку дена подоцна, еден стар рибар, со кого разговарав за она што го видов, ми рече; „Ох, можеби си ја пронашол онаа бомбата“ – рекол Смиричински, пишува „Ванкувер сан“.

Во февруари таа година американскиот бомбардер Б-36 бил на мисија на тестирање над тоа подрачје. Но, поради наталожувањето на мразот на крилата дошло до дефект на авионот – се запалиле три од шест мотори и екипажот бил принуден да ја исфрли бомбата во Тивкиот океан и да скокне од авионот. Петте членови на екипажот страдале, а 12 успеале со падобранци да се спуштат безбедно.

Бомбата што ја носеле не била исполнета со плутоним туку со ТНТ. Но, и понатаму можела да направи голема штета. Марк IV е сличен на бомбата којашто е фрлена на Нагасаки и тежел речиси пет тони.

Проучувајќи ги на интернет фотографиите од бомбата, Смиричински ја воочил сличноста со објектот што го видел под водата и го известил канадското Министерство за одбрана. Војската одлучила веднаш да испрати воен брод, за да потврди дали станва збор за бомба, да утврди дали претставува закана и дали да ја вадат на површина.

Дирк Септер, историчар специјализиран за воено воздухопловство, рекол дека Американците го пронашле авионот, но немале поим каде е бомбата. Меѓутоа, Септер не верува дека нуркачот ја пронашол изгубената бомба од 1950 година.

– Отприлика знаеме каде авионот се урнал, што зборува дека локацијата е сосема друга. Што и да нашол, тоа не е нуклеарната бомба – рекол Септер