Број на текстови објавени денес: 70

Мистеријата на исчезнатиот малезиски авион ќе ја одгатнуваат роднини на патниците

avion-mh-370-misterija

Роднини на патниците од малезискиот авион што исчезна над Индискиот Океан во 2014, наредниот месец на Мадагаскар ќе организираат сопстевна потрага по неговите остатоци.

Здружението на семејствата „Војс 370″ често се жали на недостиг од ажурност и соработка во операциите за пронаоѓање на авионот, кои опфаќаат делови од западното крајбрежје на Индискиот Океан.

Досега, трагачите открија шест авионски делови, кои речиси сигурно припаѓаат на исчезниот авион, кој полета од Куала Лумпур за Пекинг, на 8 март 2014 со 239 патници и членови на екипажот.

– И покрај важните наоди, ниедна од одговорните страни не се заложи со поорганизирано и методичко пребарување. Тоа не им остава на роднините друг избор, освен самите да сторат нешто за наоѓање одговори и решение, стои во соопштение на здружението.

Седум членови на „Војс 370″ ќе отидат на Мадагаскар, каде подготовките за потрагата ќе траат од 3 до 11 декември.