Број на текстови објавени денес: 0

Мирчевски: Се обврзуваме! Ќе обезбедиме здрава животна средина (ВИДЕО)

mircevski_2511

Помина цела година откако градот Скопје и другите градови, па и Министерството за животна излегоа со таканаречени препораки за намалување на загадувањето. Но дали се намали? Не. Цела година, а посебно во последните неколку денови, повторно дишеме воздух кој е загаден неколку пати над дозволеното. Да потсетам, смртноста од  мозочни удари, кардиоваскуларни заболувања, рак на белите дробови во Македонија е двојно поголема од останатите земји, а загадувањето на воздухот учествува со 40 проценти во создавање на компликации кај овие болести- велат здравствените експерти. Аерозагадувањето не го напаѓа само респираторниот систем, туку влијае на сите органи и системи во организмот. А децата се најосетливата група на која влијае загадувањето на воздухот, рече Пеце Мирчевски, претседател на Комсијата за животна средина на СДСМ.

– Што преземаат државните и локалните власти ова да се промени? Реално, ништо. Наместо координирани и конкретни мерки за заштита од загадувањето, излегуваат со препораки до граѓаните да ги проветруваат просториите во домовите и да не излегуваат од дома.

Реално, во текот на изминатите години од своето владеење, оваа гарнитура на власт само придонесе состојбата да се влоши. Со непланското градење го попречија протокот на воздух и можноста за природно проветрување. Дополнително ги зголемија површините наменети за автомобили уште повеќе, ги проширија улиците на сметка на зеленилото и пешачките патеки. Тротоарите им ги одземаа на пешаците и ги пренаменија во платени паркинзи. Дозволија увоз на стари и нееколошки возила.

Да повторам, надлежните до сега не преземаа ни една организирана, конкретна мерка да се намали загадувањето на воздухот и да се зачува здравјето на граѓаните. Мерките против аерозагадувањето треба да се насочени кон изворите. Затоа, Социјалдемократскиот сојуз во својот План за живот, покрај другото предвидува спроведување нови режими на сообраќај во поголемите градови, и промоција на употреба  на  гасни  горива  од  типот  природен  гас  и  пропан-бутан. Дополнително, ќе го стимулираме јавниот и организираниот превоз во градските средини и во поголемите компании.

Обезбедување  поволни  кредити  за  замена  на  еколошки  застарени  технолошки  линии  и  инсталација  со  ефикасни  системи  за  намалување  на  загадувачките емисии. Најитна, приоритетна мерка за намалување на загадувањето на воздухот е итната промена на власта. Граѓаните имаат право на чиста и здрава животна средина. После 11 декември ние тоа ќе им го овозможиме – рече Мирчевски.