Број на текстови објавени денес: 65

Министерски состанок за безбедносните закани во ЕУ и на Балканот

%d0%b1%d0%b5%d0%b7%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d0%b0%d0%bb%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%be%d1%82

Илегалната миграција и терористичките и останатите безбедносни закани се главни теми на денешниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите од средна и источна Европа, што се одржува во Варшава во организација на Вишевградската група (В4).

Покрај шеснаесетмината шефови на дипломатии, кои на маргините на средбата одржуваат и низ билатерални состаноци, на собирот улествува и високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.

– Предизвиците со кои се соочуваат ЕУ и земјите од регионот се илегалната миграција, организираниот криминал, радикализацијата, тероризмот и хибридните закани, а соработката меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан се клучен одговор на тие предизвици, истакна претставничката на полското Министерство за надворешни работи, Јоана Вајда.

Полска, која од 1 јуни претседава со четиричлената Вишеградска група, во која уште членуваат и Чешка, Унгарија и Словачка, на состанокот ги повика и министрите од шест членки на ЕУ – Бугарија, Хрватска, Грција, Италија, Романија и Словенија, како и од земјите од Западен Балкан, кои имаат аспирации за членство во Унијата – Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Србија и Косово.