Број на текстови објавени денес: 49

Милошоски ја „прекрсти“ ВМРО-ДПМНЕ во чест на Трамп,постанаа републиканци?!

antonio-milososki-tvit-1

По победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори во САД, Антонио Милошоски, поранешниот шеф на македонската дипломатија и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, на Твитер, кратенката политичката партија  ВМРО ја преименува во „Внатрешна Македонска Републиканска Организација“!

Владејачката партија денеска, преку низа од изјави на нејзините високи претставници, не можеше да го сокрие задоволството од изразената волја на американските гласачи. ВМРО-ДПМНЕ го поддржувало Трамп како кандидат на претседателските избори во САД, но барало средба по секоја цена со Хилари Клинтон! Како тргнале од ВМРО ДПМНЕ ,сигурно ќе побараат прием и кај Хелена Роза , за да им организира 1 мунутна средба со Трамп!