Број на текстови објавени денес: 65

Милевски нема посебна желба пред жрепката за ЕП 2017

%d1%84%d1%83%d0%b4%d0%b1%d0%b0%d0%bb-%d0%bc%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%83-21

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година Благоја Милевски заедно со дел од своите соработници се наоѓа во полскиот град Краков каде вечер во 18 часот ќе биде извршено извлекувањето на групите за Европското првенство 2017 година. Милевски вели дека нема посебна желба во однос на противниците кои ќе бидат во нашата група.

– На Европското првенство е собрана елитата, ова е последниот филтер пред да го добиеме континенталниот првак и навистина е неблагодарно да прогнозираме во однос на нашите евентуални противници. Најважната работа за нас во следниот период е да ги обезбедиме најдобрите услови за подготовка на тимот и да ги следиме активностите и натпреварите на играчите. Убеден сум дека Полска ќе биде одличен домаќин. Домаќините и резултатски имаат големи очекувања, но ние секогаш се фокусираме само на нашиот тим. Верувам дека сите ја сфаќаме сериозноста на овој голем настан за нас и остануваме позитивни, вели Милевски.

Предводникот на нашата репрезентација посети дел од терените во околината на Краков предвидени од организаторот за подготовки на тимовите учесници на Европскиот шампионат. Тренинг комплексот е на локалните клубови Забјежув и Броновјанка ги скенираа и репрезентациите на Србија, Шпанија и Португалија.