Број на текстови објавени денес: 86

Милевски: Власта ги тероризира фирмите, казните драстично ќе се намалат ВИДЕО

%d0%b3%d0%bc2

Горан Милевски, кандидат за пратеник на здружената опозиција предводена од СДСМ, денеска на прес-конференција рече дека во претходните 10 години, власта спроведуваше вистински терор кон микро, малите и средни претпријатија.

– Наместо да се грижат за својот бизнис, приватниците беа приморани да размислуваат за високите казни, инспекциите, лошите услови за работа, тешко достапните кредити и уште многу проблеми со кои се соочуваат во секојдневното работење. Новата влада ќе го промени овој амбиент и ќе им помогне на домашните претпријатија – рече тој.

Милевски истакна дека во делот на казнената политика, планот е прво инспекторите да даваат опомена, а потоа казна но казна соодветна за големината на фирмата, драстично намалена.

– Планираме годишно 140 милиони евра директна поддршка за домашните фирми. Поддршка за нови вработувања. Во првите 100 дена јавно ќе се објави план со јасни рокови за враќање на долговите кон домашните фирми и навремно исплаќање на сите идни обврски. Давање на поволни кредити за отворање на микро бизниси до 15.000 евра со само еден процент годишна камата. После 11декември, ќе овозможиме основање на трговски друштва со само едно евро основачки капитал. Ќе ја укинеме радиодифузната такса. Ќе ја вратиме ефтината струја-рече Милевски од Битола.