Број на текстови објавени денес: 0

Мила Кунис и Ештон Кучер добија син

bebe20

Актерите Кунис и Кучер по втор пат станаа родители. Имаат син, кој се родил на 30 ноември.

Името на бебето се уште не е соопштено.

33-годишната Мила Кунис и 38-годишниот Ештон Кучер имаат и двегодишно девојче, Вајат Изабел. Тие се венчаа во јули 2015.

Во еден наврат, говорејќи за тоа како би сакале да ги одгледуваат децата со Кучер, Кунис открила дека сакаат од мали да ги научат дека „мама и тато можеби имаат долари, но децата се сиромашни“.