Број на текстови објавени денес: 10

МЗШВ: Тендерите имаат одобренија од Владата

%d0%b7%d0%b5%d0%bc%d1%98%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be3

Министерството за замјоделство(МЗШВ) редовно доставува информации до Владата, која на 25-ти февруари 2015-та година го задолжи министерството да ги преземе сите активности во насока на објавување оглас за изградба на брана Речани на Оризарска река, тврди Министерството во реакцијата на прес-конференцијата на дополнителниот заменик министер зса земјоделство Љупчо Николовски.

Од Министерството тврдат дека Владата го одобрила Планот за инвестирање во водостопанската инфраструктура,  и го прифатила и одобрила инвестирањето на овој Проект за период од 2015 до 2020 година.

„Со оглед на тоа што огласот беше одобрен во декември 2015 година, министерството побара дополнително одобрение за повеќегодишното финансирање поради репрограмирање на финансиските средства, согласно одобрениот план за инвестирање од периодот 2015-2020 за периодот од 2016-2020 година. Постапката за избор на најповолен изведувач се одвиваше во две фази. Во првата фаза на предквалификација на огласот од декември 2015-та година се јавија седум компании (3 домашни и 4 странски) од кои пет ги задоволуваа техничките услови, но во втората фаза понуди доставија три компании и тоа: Гранит, Трансмет – Силекс и Бетон – Скопје и учествуваа на електронската аукција. На електронската аукција најниска цена беше доставена од Трансмет – Силекс.
Минатата недела измина рокот за жалба во кој ниедна компанија не достави жалба“ стои во реакцијата на МЗШВ.