Број на текстови објавени денес: 0

Метју Меконахи превезува студенти за безбедно да пристигнат дома

metju-3

Оскаровецот Метју Меконахи ги изненадил студентите во Остин учествувајќи во акцијата на безбеден превоз на оние кои доцна се враќаат дома. Холивудскиот актер во понеделникот доцна навечер собрал неколку студенти во своето возило за голф.

Акцијата „Сигурна прошетка“ е проект којшто го покрена универзитетот за да си осигура безбедно враќање на студентите по мрак од кампусот до нивното сместување. Меконахи (47) диппломирал во 1993 година и многу е приврзан со својот поранешен универзитет, чијшто тим на американскиот фудбал страсно го поддржува.

Фотографија на насмеаниот актер со воодушевените четири студенти е поставена на налогот на Фејсбук на Универзитетот во Тексас со пропратна порака: „Лонгхорнси (како што се нарекуваат студентите) се грижат еден за друг и можеме да кажеме дека Метју Меконахи се согласува со тоа“.

„Сигурна прошетка“ е осмислена за да не мора ниеден студент да се враќа сам дома, а секое учество во акцијата е на чиста волонтерска основа. Поради успешноста на акцијата и големиот одзив на луѓето, нејзиното траење е проширено од седум навечер до два наутро.