Број на текстови објавени денес: 0

Мерил Стрип ќе добие награда за животно дело

meryl-streep

Награда се доделува за “извонреден животен придонес во светот на забавата и филмската индустрија”, во рамките на доделувањето на Златните глобуси во Холивуд, кои се увертира за Оскарите.

“Не е изненадување што здружението на странски новинари акредитирани во Холивуд ја избра Мерил Стрип како добитник на наградата „Сесил ДеМил“ за 2017-та година. Избор на разновидни жанрови во текот на нејзината кариера, ја направи пример, за изминативе 40 години и за идните генерации. Таа отсекогаш имала силни женски улоги, кои создаваат уметност со прикажување на ранливост и прикажување на вистината на големиот екран. Едноставно кажано, таа е пионер, што го пробива патот за жените во телевизијата, филмот и сцената” изјави претседателот на здружението „ХФПА“, Лоренцо Сориа.

Доделувањето на наградите Златен глобус ќе се одржи на 8-ми јануари.Некои од добитниците на наградата „Сесил ДеМил“ се , Џорџ Клуни, Вуди Ален, Џоди Фостер, Морган Фримен, Дензел Вашингтон, Роберт де Ниро, Мартин Скорсезе, Стивен Спилберг и Робин Вилијамс