Број на текстови објавени денес: 0

Мел С. од „Спајс грлс“: Девојките ме злоупотребуваа и малтретираа!

4616839665831930fee129157460537_w640

Мелани Чизом, попозната како Мел С. од некогаш популарната група „Спајс грлс“, проговорила за злоставувањето што го трпела како членка на бендот.

Девојките на поранешниот мега популарен бедн континуирано ја малтретирале додека Мел С. сè уште била една од нив.

Токму на својот нов албум, „Version Of Me“, пејачката се занимава со таа тематика, бидејќи тоа, како што вели, е албум за злоставувањето:

– За тоа како, како млада личност се наоѓав во ситуација каде што сум се чувствувала малтретирана и како тоа влијаело на мене и ме обликувало на некој начин – рекла во интервјуто за Атитуд, пишува Дејли мејл“.

„За жал, злоставувањето навистина може да ги оштети луѓето, и станувате посилни и го преболувате тоа, и понатаму можете да биде таму некаде во позадина, поткопувајќи те. Се надевам дека луѓето ќе се поистоветат со таа песна“, додала Мел С.

Малтретирањето, вели, започнало во времето кога била една од Спајсиците.

– Нема никого да именувам. Им беше укажано на тоа, беа свесни за тоа што го правеа. Се извинија. Сега сум постара, имам многу повеќе самодоверба и никој нема да си игра со мене. Кога бев помлада им дозволував на луѓето да ме малтретираат. Што било, било, но би сакала да бев малку посилна – открила поранешната Спајсица.