Број на текстови објавени денес: 65

Мел Б: Децата мора да го заработат џепарлакот

foto22

Бившата спајсица Мел Б е исклучително строга мајка, што се должи на нејзиното минато во семејство од работничка класа.

Пејачката во своето семејство научила дека мора сама да заработува, а тоа им го пренесува и на своите деца, без разлика на нејзината добра финансиска состојба.

„Добиваат пари кога ќе ја исчистат собата и така ги учам да ги ценат парите“, изјавила Мел Б, која ги има 17-годишната ќерка Финикс, 10-годишната Ејнџел и 6-годишната Медисон.