Број на текстови објавени денес: 10

Медиуми го прекршуваат Изборниот законик, ДИК и Ад хок телото итно да реагираат!

sdsm-14
Медиуми и интернет портали го прекршуваат Изборниот законик, поради што СДСМ укажува дека Државната изборна комисија и Aд хок Комисијата при Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги мора итно и најостро да реагираат.
Медиумите се должни да ги почитуваат одредбите од Изборниот законик, посебно членот 69-а, во коишто се забранува изборно медиумско претставување и други јавни собири и настани надвор од периодот предвиден за изборна кампања!
Државната изборна комисија и Ад хок Комисијата при Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како гаранти на предизборниот и изборниот процес не смеат да дозволат ваквите постапки да продолжат во иднина и да останат несанкционирани.
Со ваков непрофесионален однос од страна на некои медиуми и интернет портали, директно се загрозува кредибилноста на изборниот процес.
СДСМ како потписник на Пржинскиот договор и како сериозна политичка партија инсистира на доследно почитување на Изборниот законик и на условите за фер, демократски и кредибилни избори.
СДСМ за досегашните прекршувања на Изборниот законик веќе има доставено претставки до надлежните органи